Search

Полицијата ја расветлува тепачката во кој учествуваа мажи и жени на базен во Штип

Масовна тепачка во која учествуваат и мажи и жени на градскиот базен во Штип, која од синоќа се врти по социјалните медиуми, денеска е предмет на расчистување на настанот пред полицијата. Случајот за нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка на јавно место го пријавила една од нападнатите жени.

„На 17.7.2023, во 16:10 часот, во Полициската станица Штип, Е. Н. (25) од с. Бучим, Радовишко, пријавила дека околу 15:30 часот на градскиот базен во Штип била физички нападната од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,соопшти денеска МВР.

Треба да знаете
Последни објави