Search

Комбе за џамијата во Арачиново доделил директорот на Агенцијата за управување со одземен имот

Фејсбук статус на Дритон Небиу, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот

Како што има напишано Небиу, Агенцијата за управување со одземен имот обезбедила и пуштила во процедура издавање на транспортно возило за услугите на џамијата во општина Арачиново.

„Со оваа донација покажуваме дека Општина Арачиново не е „заборавено село“, туку е општина која заслужува и има безброј потреби за грижа, токму од државните институции. Затоа мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана. Нашите активности ќе продолжат, нема да застанеме тука“, напиша Небиу на својот фејсбук-профил.

Треба да знаете
Последни објави