Search

(Фото) Огнените од ДУИ се распаднаа: Меџити почна со формирање на ново движење

Денеска со Меџити ги немаше градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, поранешниот вицепремиер Муса Џафери и ексградоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, кои и претходно најавија дека не даваат поддршка за Меџити и движењето за кое најави дека ќе се формира.

Салата на Општина Чаир беше местото каде што попладнево Изет Меџити, еден од членовите на внатрепартиската фракција на владејачката ДУИ, ја почна постапката за формирање ново движење.

Придружуван од пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, поранешниот заменик министер за одбрана Башким Хасани, но и од останати членови на „огнените” и функционери од ДУИ, Изет Меџити, заедно со неговите поддржувачи, на затворена седница разговара за идејата за формирање на ново движење.

Треба да знаете
Последни објави