Search

Петровска: Соработката со САД ни помогна да ги исполниме стандардите на НАТО

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во SummerClick на ТВ21 се осврна и на соработката со САД, нашиот стратешки партнер и сојузник, за која рече дека е од исклучителна важност во достигнувањето на НАТО стандардите и развојот на капацитетите на македонската Армија. Министерката Петровска минатиот месец беше во посета на САД каде се сретна со американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин со кого беше потпишан десетгодишниот документ кој ги постави основите на идната соработка, а беше обележано и тридецениското партнерство помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт.

„Ние имаме одлична соработка со САД за сите заеднички активности, а и мојата посета во САД е токму резултат на таа добра соработка. Со САД имаме навистина стратешка соработка, ние сме повеќе од само сојузници во НАТО Алијансата. Изминатите 30 години особено државата Вермонт помогна многу за приближувањето на македонската армија кон НАТО стандардите и подигнувањето на капацитетите на Армијата”, рече министерката. Петровска изрази благодарност и очекување дека оваа блиска сојузничка соработка ќе продолжи и во иднина.

Министерката посочи дека при посетата на САД, а и при изведувањето на големи и комплексни заеднички вежби, како оние на Криволак оваа и минатите години, истакнато било дека овој армискиот полигон е одлично место за развој на интероперабилноста и вештините на армиските припадници, што е причина повеќе „Криволак” да продолжиме забрзано да го развиваме со нови вежбовни содржини и капацитети.

Треба да знаете
Последни објави