Search

Пад на вредноста на доларот, американската валута на најниско ниво во последните 15 месеци

На глобалните  пазари, еврото скокна за повеќе од 2 отсто во однос на доларот, на највисоко ниво во последните 16 месеци, бидејќи американската инфлација се намалува и инвеститорите очекуваат американската ФЕД наскоро да го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела потона за 2,3 отсто, на 99,96 поени, блиску до најниското ниво во последните 15 месеци.

Истовремено, курсот на доларот во однос на европската валута се лизна за 2,4 отсто, па цената на еврото достигна 1,1227 долари, а во еден момент и 1,1245 долари, највисоко ниво во последните 16 месеци. Цената на доларот падна и во однос на јапонската валута, за 2,4 отсто, на 138,80 јени.

Треба да знаете
Последни објави