Search

Медиумите пишуваат дека убиството на „Оки“ е нарачано

Светските и регионалните медиуми втор ден пишуваат за крвавиот инцидент во Грција кој се случи во летувалиштето Ханиоти, во кој беше затрелан македонски државјанин. Загина 39 годишниот Орхан Бајрами, а неговиот 45 годишен пријател беше повреден. Без да откријат идентитет, медиумите пишуваат дека станува за „нарачка“.

„Полицајците, кои сакаа да останат анонимни, бидејќи не беа овластени да зборуваат официјално за случајот што е под истрага, изјавија за Асошиетед прес дека веруваат дека станува збор за нарачано убиство“, пишува абц њуз.

Полицијата се уште трага по двајцата вооружени лица кои маскирани и на мотор се приближиле до вилата во одморалиштето Ханиоти, на околу 105 километри југоисточно од Солун, која 39-годишниот бизнисмен ја изнајмувал заедно со пријателите.

Тие се паркирале надвор, влегле во вилата и ги застрелале Орхан и неговиот пријател со најмалку 19 куршуми, соопшти полицијата.

Ликвидираниот Оки и е познат на македонската јавност како дел од мафијашкото подземје. Го сметаа за неформален лидер на т.н. групата „Дуќанџик-Грчец“.

Треба да знаете
Последни објави