Search

Ноќеска од Србија во Македонија граничниот премин го поминале 24.000 патници

Српските служби постојано ги информираат своите граѓан за интензитетот на сообраќај во земјата и граничните премини. Според нив на граничните премини за излез и влез во земјата владее мешаница. Регистрирани се километарски колони.

На граничниот премин Прешево од Србија во Македонија ноќеска поминале 24.000 патници. Евидентирани се повеќе од 120 автобуси. Времето на чекање за влегување и излегување кај северниот сосед е од 40 минути до еден час. Затоа надлежните ги советуваат своите граѓани кои тргнуваат на годишен одмор кон Грција и главно транзитираат низ Македонија да го користат алтернативниот граничен премин „Прохор Пчињски“ каде не е евидентирана поголема фрекфенција на автомобили и чекања за преминот на границата.

Километарски колони се забележани и на граничниот премин Градина кон Бугарија, кој исто така се користи за да се стаса до летувалиштата во Грција.

Треба да знаете
Последни објави