Search

Ѓоковиќ испиша нова историја со пласманот во финалето на Вимблдон

Еден од најдобрите тенисери во светото, Србионот Новак Ѓоковиќ во петти пат во низа избори настап не неофицијалното светско првентво во „белиот спорт“ – Вимблдон, откако за два часа и 47 минути во полуфиналната пресметка го преслуша со максимални 3:0 (6:3, 6:4, 7:6) Италијанецот Јаник Синер. За Ѓоковиќ ова ќе биде историски 35. настап во финалните мечеви на гренд-слем турнирите, каде е и рекордер со освоени 23 трофеи на ови четири сезонски турнири. Ѓоковиќ со настапот во 35. гренд-слем финале во кариерата ќе ја надмине легендарната Крис Еверт, која во кариерата одигра 34 финалиња на најголемите турнири.

Ѓоковиќ в недела во финалето ќе игра со подобриот од пресметаката меѓу Данил Медведев и Карлос Алкарас. Ѓоковиќ е актуелен победник на Вимблдон и в недела ќе се бори за 8. титула на Вимблдон.

-Три тешки сета, иако конечниот резултат не го отсликува тоа. Беше многу неизвесно, особено третиот сет, можеше да му оди во прилог. Промаши неколку шутеви и ми дозволи да победам во тајбрејкот. Синер докажа зошто е еден од најдобрите играчи во светот и предводник на новата генерација,  изјави Ѓоковиќ, а потоа ги насмеа сите присутни.

-Одлично е да се биде дел од новата генерација, ми се допаѓа , додаде со насмевка српскиот тенисер.

Ѓоковиќ многупати потенцираше дека по него доаѓа „новата генерација“, но досега никој не успеа да му го загрози местото.

-Ова е индивидуален спорт, треба да верувате во себе, да бидете во најдобра состојба пред да излезете на теренот. Не гледам на возраста како на нешто што одлучува за исходот. Имам многу мотивација, го сакам тенисот, овој спорт ми даде толку многу, ќе се трудам да му возвратам на тенисот колку што можам, изјави  Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави