Search

Француски пожарникар влезе во Гинисовата книга на рекорди за необичен подвиг за кој му беа потребни 17 секунди

Францускиот пожарникар Џонатан Веро (39) истрча 272 метри додека му гореше заштитното одело, а немаше ни кислород и на тој начин влезе во Гинисовата книга на рекорди за овој необичен подвиг за кој му беа потребни 17 секунди.

Рекордот беше соборуван неколку пати од 2009 година, а прв рекордер беше Кит Малколм од Велика Британија.

Веро трчаше три пати повеќе од Малколм, објави Си-Би-Ес Њуз.

Рекордерот рече дека „отсекогаш имал страст за оган“ и дека не престанал да си игра со оган од детството. Не само што е пожарникар, туку е и каскадер. Успехот го постигна во градот каде што порасна, во Хобурдин, каде што исто така се обучува како пожарникар.

Треба да знаете
Последни објави