Search

УЕФА им одреди парични казни на Манчестер јунајтед и Барселона

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) ги казни парично англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед и шпанскиот примера-лигаш Барселона поради кршење на финансискиот фер-плеј. Премиерлигашот ќе треба да плати 300.000 евра, додека каталонскиот гигант ќе треба да одвои од својот буџет 500.000 евра.

УЕФА го казни премиерлигашот поради „мал дефицит“ за периодот од 2019 до 2022 година, додека Барселона е санкционирана поради „погрешно пријавен приход од продажба на имот“.

Покрај нив, казни беа изречени и на АПОЕЛ од Кипар, Коњаспор, Истанбул Башакшехир и Трабзонспор од Турција, како и на Антверп и Андерлехт од Белгија.

Треба да знаете
Последни објави