Search

(Фото)Под скопскиот вршник се разладуваат и освежуваат станарите во ЗОО паркот

Топлотен бран ја зафати Македонија. Високите температури тешко се поднесуваат. Надлежните здравствени власти со препораки да не се излегува на сонце. Граѓаните бараат спас во климатизирани простории, во природа под дебели природни сенки, крај вода на езерските и речните брегови, а има и такви кои ќе „скокнат“ и на морски брег во соседството.

Колоните автомобили кон овие дестинации катадневно се долги. Редиците за влез и излез од земјава се со часови.

Проблеми со високите темпаратури деновиве под скопскиот вршник имаат и станарите во скопскиот ЗОО парк. Ги нема посетителите. Омиленото катче посебно за најмадите е празно во текот на денот. Тоа е можност животните, и оние кои потекнуваат од топлите предели, да добијат малку освежување, додека другите се кријат во ладовината од своите живеалишта.

Објективот на „24 инфо“ вчера во скопската ЗОО забележа како се разладуваат или освежуваат слоновите, нилскиот коњ, мајмуните од сортата ламури… Некои уживаа во прскањето со вода, други со замрзнати овошни коктели, ладна лубеница…

Беше забавно и освежително !

Треба да знаете
Последни објави