Search

(Видео) Гори шума кај Бодрум

Гори шума во популарното турско летувалиште Бодрум.Противпожарните екипи пламените јазици ги гасат од небо и земја. Борбата за ставање под контрола на пламените јазици кои под влијание на ветерот забрзано се шират ја водат од воздух 7 хеликоптери и 3 авиони приклучени на Подрачното шумско стопанство Мугла, 35 цистерни и цистерни за вода, 4 дозери и 157 лица кои го гаснат пожарот од копно.

Противпожарните екипи се во близина на меѓународниот аеродром во Бодрум, од каде се издига густ чад над пламените јазици. Аеродромот се уште работи.

Големиот пожар избувна недалеку од автопатот Милас-Бодрум и ги доведува во опасност населбите Акиол и Бонес, предупреди денеска градоначалникот на Токата. Иако се уште нема прецизни информации за причината за пожарот, се верува дека пожарот настанал поради догорчиња или стакло.

Треба да знаете
Последни објави