Search

Македонија ЃП не ја искористи предноста на домашниот терен против Рига

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров загубија со 0:1 од Рига РФС во првиот натпревар од првото квалификациско коло за пласман во Конференциската лига на УЕФА.

На теренот од СЦ „Петар Милошевски“ македонските претставник по многу топло време одигра лошо прво полувреме. Не упатија ниту еден шут кон голот на Рига ФС, а тоа го искористи гостинот од Летонија и постигна гол во 34 минута кој на крајот беше решавачки за конечниот исход.

Српскиот интернационалец Андреј Илиќ на асистенција на Куасидо, успеа да го совлада голманот на Македонија ЃП, Христијан Стевковски. Во финишот од првиот дел, гостите можеа да постигнат уште еден гол, но ударот со глава на Илиќ заврши во пречката од голот на Стевковски. Гостите во судиското продолжение од мечот, пред да биде означен последниот судиски свиреж по вторпат ја погодина пречката, овојпа по ударот на ударот на Куасидо.

Македонија ЃП беше поорганизирана во вториот дел од мечот, но не го пронајде патот до мрежата на гостите. Реваншот се игра идниот четврток во Рига.

Треба да знаете
Последни објави