Search

Затворена Јадранската магистрала, голем пожар кај Шибеник, го гаснат шест канадери, луѓе бегаат од апартманите

Силниот ветер го отежнува гаснењето на големиот пожар што денеска околу 11.10 часот избувна во Горњи Бановци кај Гребаштица во Шибеничко – Книнска жупанија.

Хрватскиот портал Индекс јавува дека на терен се 56 пожарникари со 20 возила, а шест авиони го гаснат пожарот.

Се наведува дека поради пожарот бил затворен дел од Јадранската магистрала за да им се овозможи на пожарникарите непречено да работат, а се очекува да полетаат уште противпожарни авиони.

Две семејства се евакуирани, а порталот Шибеник ИН објави дека изгорел и семејниот автомобил на гости од Германија, но дека луѓео се безбедни.

Читателка на тој портал од Гребаштицат вели дека состојбата на терен се влошува.

– Луѓето бегаат од апартманите, но не знаат каде да бегаат. Вистинска паника, се смрди и ништо не се гледа од чадот – рекла таа.

Треба да знаете
Последни објави