Search

Бајден за Пригожин: Да сум на негово место би внимавал што јадам

 Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека основачот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, можеби е во опасност бидејќи минатиот месец се обиде да крене бунт во Русија.

-Би внимавал што јадам. Би обрнал внимание на менито, рече Бајден на прес-конференција во Хелсинки.

Блумберг наведува дека шегата на Бајден алудира на, како што се истакнува, „тоа дека руските безбедносни служби користат нервни агенси и полониум за да ги убијат политичките непријатели на Владимир Путин“.

Бајден кажа дека светските лидери на самитот на НАТО во Вилнус разговарале за тоа дека не знаат каде е моменталната локација на Пригожин и како бунтот може да влијае на руските операции во Украина и на иднината на групата „Вагнер“.

По бунтот и договорот со белорускиот претседател Александар Лукашенко, шефот на „Вагнер“ замина за Белорусија, но Кремљ неделава соопшти дека Путин, пет дена по бунтот, што се крена на 24 јуни, одржал тричасовен состанок со Пригожин и другите команданти.

Треба да знаете
Последни објави