Search

Ќе се попишува и земјоделството, Владата носи закон за Попис во 2024 година

Министерството за замјоделство, шумарство и водостопанство до средината на идниот месеец треба да го изготви Предлог законот за Попис на земјоделството во Република Северна Македонија кој ќе се спроведе во 2024 година.

Според објавата на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), согласно Законот за државната статистика, Пописот на населението, домаќинствата и становите и Пописот на земјоделството претставуваат најсложени и најмасовни статистички истражувања. Од причин што во спроведување на Пописот учествуваат голем број на учесници, односно министерства, државни органи и други јавни институции, единиците на локалната самоуправа, но и поголем број на реонски попишувачии членови на комисии на пописни реони и други учесници.

„Заради регулирање на целокупната постапка на спроведување на пописот, изборот на попишувачите и членовите на КПР , како и утврдување на обврските на поголем број на јавни институции неопходно е да се донесе посебен закон“, стои во објавата.

Клучни цели на донесување на Законот, односно спроведување на Пописот се : да се продуцираат навремени и европски споредливи статистички податоци за македонското земјоделство, да се поддржи процесот на креирање и носење одлуки во областа на земјоделството, да се олеснат пристапните процеси на државата во ЕУ, како и користењето на ЕУ фондовите за поддршка на земјоделството.

Утврдениот рок за изготвување на Предлог законот е 14 август. (З.П.)

Треба да знаете
Последни објави