Македонските кошаркарски надежи ја преслушаа и Ирска и како први во групата се пласираа во четвртфиналето на ЕП во Скопје

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години ја совлада Ирска 77:66 и обезбеди место во четврфиналето на Европското првенство (Б-дивизија) што се одржува во Скопје.

Македонските надежи ја обезбедија првата позиција во групата А пред Чешка и Бугарија. Ова беше дуел во кој македонските кошаркари одиграа лош 10 минути во кои постигнаа само 12 поени (18:12), а потоа ја презедоа играта во свои раци и на пауза заминаа со 39:27.

Во преостанатиот дел од натпреаврот Македонија го контролираше резултатот, и на крајот славеше со 11 поени разлика (77:66). Македонија својот четвртфинален дуел ќе го игра на 14. јули, петок, а за противник ќе ја има Велика Британија, која со две победи и два порази го освои второто место во групата Б, зад Португалија.

Симиќ со 17 поени беше прв стрелец, Хот забележа дабл-дабл од 15 поени и 13 скокови, а двоцифрен беше и Наков со 10 кошеви.

Треба да знаете
Последни објави