Search

Jанчева: Сите јавни претпријатија да се вклучат во чистење на ѓубрето во Скопје, СДСМ иницира седница на Советот

-Со денови Скопје се дави во ѓубре. Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје создаде невиден хаос. Неспособноста на ДПМНЕ и нивните градоначалници го претворија Скопје во една огромна депонија. Хаосот со ѓубрето претставува и здравствен ризик, поради можноста од појава на зарази“, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

За проблемот со ѓубрето советничката група на СДСМ иницира одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје.

-Во рамките на своите надлежности и во името на граѓаните Советот има обврска да дискутира за актуелната состојба во ЈП „Комунална хигиена”, а СДСМ ќе предложи и мерки и активности за итно дејствување на градот. Една од мерките, една од решенијата што ќе ги предложи СДСМ заедно со коалициските партнери за решавање на проблемот со ѓубрето е вклучување на сите јавни претпријатија.

Со сиот свој човечки потенцијал, а потоа и со онаа механизација со која располагаат јавните претпријатија да се вклучат во чистењето за што поскоро целосно да се расчисти ѓубрето во Скопје и состојбата да се врати во нормала“, кажа координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје..

Според неа оваа мерка ќе овозможи ЈП „Комунална хигиена“ брзо да се врати во секојдневниот работен тек, а ќе превенира и во иднина да не се случува повторно ваков хаос. Додава дека очекува поддршка од сите советнички групи, вклучително и од мнозинството во Советот од ДПМНЕ.

-Особено што токму ДПМНЕ со своите кадри, со своите градоначалници во Скопје и со својата градоначалничката којашто победи со нивна поддршка го создадоа проблемот. Наместо модерно Скопје како што Мицкоски и ДПМНЕ ветуваа пред скопјани кога бараа гласови од нив, создадоа загаден град и нефункционални јавни претпријатија. Советот има механизми што треба да ги искористи во интерес на граѓаните и во интерес на Скопје, и во оваа насока очекуваме одговорност од сите советници, изјави Јанчева.

Треба да знаете
Последни објави