Search

Лајчак се пофали дека постигнал договор со вицепремиерот на Косово за деескалација на ситуацијата на северот

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека денеска во Братислава со вицепремиерот на Косово и шефот на преговарачкиот тим на Косово Бесник Бисљими се договориле за првите чекори кон деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

Лајчак на Твитер објави дека направени се првите чекори кон целта.

-Денеска во Братислава имав интензивни билатерални разговори со вицепремиерот Бесник Бисљими за деескалација на ситуацијата на северот на Косово, во согласност со декларацијата на 27-те земји на ЕУ од 3 јуни, како и за патот напред во спроведување на сите договори од дијалогот. Ги договоривме првите чекори кон оваа цел – напиша Лајчак.

Треба да знаете
Последни објави