Search

Јувентус поска да не игра во Конфернциската лига, УЕФА им ја исполни желбата

„Кориере дело Спорт“ објави дека Јувентус побарал, а УЕФА прифатила да бидат исфрлени од настапите во квалификациите за Конференциската лига оваа сезона.

УЕФА требаше да го казни Јувентус поради финансиските малверзации, а кога веќе треба да играат во треторангираното европско клупско натпреаврување Конференциската лига, клубот од Торино одлучил дека најдобро е сега да ја издржи казната, бидејќи тоа е најбезболната опција.

УЕФА го прифатила предлогот на Јувентус и го исфрлина од евро-сцената за новата сезона.

Јувентус минатата сезона ја заврши на 7. позиција во Серија А, откако им беа одземени десет бодови поради малверзации со трансферите.

Доколку не беше таа казна, Јувентус ќе беше третопласиран и сигурен патник во Лигата на шампионите. УЕФА минатата недела размислуваше за тежината на казната која требаше да му ја одмери на Јувентус.

Тимот од Торино со овој потег избегна поголема казна како на пример исфрлање од ЛШ некоја следна сезона.

Замената на Јувентус во Лига на конференции од Серија А ќе биде Фиорентина, која заврши на осмата позиција во италијанската калчолигашка конкуренција.

Треба да знаете
Последни објави