Search

Камионите на Комунална хигиена со асистенција на полицијата излегле од базата на скопските улици

Во тензична атмосфера, по долго натегање и неуспешни преговори меѓу вработените во ЈП Комунална хигиена и директорката Косана Мазнева-Николиќ, камиони од претпијатието и работници кои сакале да си ги извршуваат своите работни задачи, вечерва со помош на полициска асистенција ја напуштиле базата и заминале да собираат смет низ Скопје. Ова е последната вест од пред претпријатието ЈП Комунална хигиена каде вработени протестираат во дворот на истото. Вработените лежејќи на земја не дозоволуваа камионите да излезат од базата.

Началникот на полицијата најпрво ги убедувал да направат пролаз камионите да излезат на улиците, но тие не го послушале. Потоа, им е соопштено дека секој што ќе попречи полицаец во обезбедувањето на камионите ќе биде приведен.

Иако дошло до кошкање меѓу вработените и полицијата избегнат е поголем инцидент. Патот е пробиен, а камионите излегле на терен.

Откако камионите излегле, еден враборен бил изнесен со возило на Брза помош.

Треба да знаете
Последни објави