Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска присуствуваше на свечената церемонија на дипломираните студенти на петтата генерација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Тој нагласи дека дипломирањето е важен чин за студентот, посочувајќи дека тоа значајно парче хартија ги крунисува годините напорна работа, посветеност и упорност.
![Дипломци](https://new.mia.mk/articles/images/%D1%88%D0%B0%D1%9C%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%B4%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D0%BC%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%83%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B7%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B0%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0dwsgE/6iAuftuUx/large.webp?use_watermark=0)
-Крајот на студирањето е само почеток на едно ново поглавје во вашите животи, поглавје со поголеми одговорности кои од вас ги очекуваат и вашите семејства и целото наше општество. Уверен сум дека со вештините, знаењата и искуствата што ги стекнавте на Универзитетот „Мајка Тереза“ многу брзо ќе се вклучите на пазарот на труд и ќе го искористите образованието за позитивни промени во средините каде ќе делувате, нагласи Шаќири.
![свеченост дипломци Универзитет Мајка Тереза](https://new.mia.mk/articles/images/%D1%88%D0%B0%D1%9C%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%B4%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D0%BC%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%83%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B7%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B0%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0USurP/Fn0DtyAta/large.webp?use_watermark=0)
Министерот рече дека е значајно и по завршувањето на студиите, младите луѓе да продолжат да се усовршуваат и да стекнуваат нови знаења, затоа што повисоко ниво на политички развој, демократија и социјална правда се достижни само со образувани граѓани кои континуирано се надоградуваат, критички размислуваат и ја користат креативната моќ.