Search

За помалку од две години Арсовска изротира цел фудбалски тим на директорски позиции во јавните претпријатија

Директорот на ЈП „Улици и патишта“ Зухејр Реџепи во петокот си поднесе оставка а на негово место Данела Арсовска го постави Ќамил Ковачи.

Веста дека некој директор се повлекол или бил сменет или пак бил преместен од една во друга директорска фотелја на некое градско јавно претпријатие или установа, веќе и не е вест.

Но она што е интересно е што за време на досегашниот мандат на Арсовска низ скопските јавни претпријатија се изротирани над десетина лица на директорски позиции.

Досега во ЈП Градски паркинг се сменија дури четири директори, во ЈСП три, толку се сменија и во ЈП „Паркови и зеленило“ во „Водовод и канлизација“ и во скопската ЗОО.

Или популарно кажано, за само помалку од две години од мандатот, Арсовска од сменетите директори, сега може да состави цел фудбалски тим со се резерви.

Треба да знаете
Последни објави