Search

Силно невреме во Скопје: Грмотевици, откорнати дрвја, дожд и ветер

Силно невреме попладнево го зафати Скопје проследено со силен ветер, грмотевици и дожд.

Од УХМР велат дека низ државата и во вечерните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. 

Дожд и невреме се очекува и утре.

– Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, повремено нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме, информираат од УХМР.

Треба да знаете
Последни објави