Search

У18: Македонските кошаркари поразени од Грција

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години загуби од Грција со 66-93 во воведното коло од Меѓународниот турнир „Боби Петковски“ што во вторникот вечер почна во Гевгелија.

Македонските јуниори одржуваа резултатска неизвесност до последната четвртина која Грците ја отворија со серија од 8-0 и стекнаа недостижна предност од 67-51 до крајот на натпреварот. 

Капитенот Шошкиќ со 21 поени беше најефикасен во македонските редови. 

На турнирот настапуваат и репрезентациите на Црна Гора и Израел. 

Македонската репрезентација, попладнево во рамки на второ коло ќе игра против Црна Гора.

Треба да знаете
Последни објави