Search

Уапсен маж кој им помогнал на Русите да ја бомбардираат пицеријата во Краматорск

Украинската контраразузнавачка служба (ССУ) објави дека уапсила маж осомничен дека им помагал на руските сили да извршат ракетен напад, во кој загинаа десет цивили во пицерија во градот Краматорск.

Од ССУ наведуваат дека уапсениот живеел во околината.

„Според првите резултати од истрагата, непријателскиот агент е жител на Краматорск, вработен во локалната компанија за транспорт на гас“, се вели во соопштението на веб-страницата на украинската контраразузнавачка служба.

Човекот, објави ССУ, снимал згради и автомобили во близина на пицеријата и ја испратил снимката до руското воено разузнавање, се вели во соопштението за печатот.

Васил Маљук, директор на ССУ, рече: „Овој агент на Руската Федерација, дефинитивно, ќе одговара пред украинскиот суд. Неговото апсење е сигнал за сите други предавници што работат за непријателот. Запомнете – казната е неизбежна“.

Во нападот загинаа 10 цивили, од кои три тинејџерки. Повредени се 61 лице.

Треба да знаете
Последни објави