Search

Песков: Шпекулации се наводите дека Суровикин знаел за бунтот на Пригожин

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги нарече „шпекулации“ наводите изнесени од страна на медиумите дека заменик-командантот на руските воени операции во Украина Сергеј Суровикин знаел за плановите на Евгениј Пригожин да започне бунт.

Песков, зборуваше за информациите на „Њујорк Тајмс“ дека генералот Сергеј Суровики знаел дека се подготвува Вагнеровото востание, како и дека го поддржува Евгениј Пригожин.

-Сега ќе има многу шпекулации, озборувања и слично за овие настани. Мислам дека ова е еден од тие примери, изјави Песков.

Претходно, како што објави Њујорк Тајмс, генералот Суровикин наводно знаел дека Пригожин, водачот на платениците од Вагнер планира бунт против военото раководство на Москва.

„Њујорк тајмс“ се повика на американски претставници запознати со американското разузнавање за бунтот на Пригожин и наведе дека официјалните лица „се обидувале да откријат дали генералот Суровикин помогнал во планирањето на акциите на Пригожин минатиот викенд. 

Треба да знаете
Последни објави