Search

Спасовски: Обвинителството може да отвори истрага за купувањето на „Соравија“

Ова се податоци и информации кои што даваат можност да се отвори постапка за проверка, пред се финансиските текови. Јавното обвинителство ќе може да отвори истрага и врз основа на тоа да задолжи надлежни институции за спроведување на законот и да се проверат сите овие факти и аргументи, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, кој за нула евра со добивање кредитна линија од банка од Тирана, доби 39% сопственост врз објектот „Соравија“ во центарот на Скопје. Министерот одговори дали МВР ќе провери како внукот на Али Ахмети го купил трговскиот центар.

Спасовски беше запрашан и дали ќе има некаква одговорност, на што одговори дека „за се што произлегува, а е спротивно на законските одредбди, секако ќе мора да има одговорност“.

-Мораме да бидеме сите еднакви и да нема селективност во делот на спроведувањето на правдата. Во однос на морална одговорност, тоа е работа на премиерот кој што оценува на кој што начин ќе се спроведат ваквите активности, кажа Спасовски во изјава за медиумите.

Треба да знаете
Последни објави