Search

Преадаптирани простории во„Кокиче“, капацитетот на градинката е зголемен за уште 90-тина дечиња

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес ја посети градинката “Кокиче” при ЈДГ “Весели Цветови”. Во овој објект се завршени градежните работи околу проширување, односно преадаптација, а во рамките на истата градинка, тој и Општина Кисела Вода веќе изготвија проект и обезбедија финансиски средства за доградба на сосема нов објект. Со ова, се отворени околу 300 нови места во градинките низ Кисела Вода и наследените листи за чекање од минатото на кои имаше над 450 деца, наскоро веќе нема да ги има.

-Денес се наоѓаме во градинката “Весели Цветови”, објект “Кокиче”, каде со задоволство можам да ја инфoрмирам јавноста, а посебно родителите со мали дечиња, дека ги завршивме градежните работи за проширување, односно преадаптација на 4-5 простории од објектот, со што капацитетот на градинката е зголемен за уште 90-тина дечиња. Она што е посебно значајно е дека една од трите нови занимални ќе биде наменети за најмладите, односно за првпат во објектот Кокиче ќе функционираат и јасли. Во моментов очекуваме да пристигне мебелот, кој е обезбеден преку Министерството за труд и социјална политика, на кое сакам да му се заблагодарам за поддршката во оваа значајна мисија.

Воедно, со вас сакам да споделам уште една убава вест. Имено, Општина Кисела Вода изготви проект и обезбеди финансиски средства за доградба на сосема нов објект во склоп на “Кокиче”, во кој ќе има простор за 120 нови дечиња. На површина од 525 квадратни метри, тој предвидува дури 6 занимални и тоалети, енергетска ефикасност, целосно партерно уредување, изведба согласно сите стандарди, правилници и нормативи кои условуваат и овозможуваат позитивен ран детски развој.   

Со ова, слободно може да каже, дека наследените листи за чекање од минатото, на кои имаше над 450 дечиња и кои со напорна работа во целиот овој период откако ја презедов градоначалничката функција, отворајќи околу 300 нови места во градинките, наскоро воопшто ќе ги нема. Сепак, овде нема да сопреме. По отворањето на првата детска градинка во Усје, ставањето во функција на новата градинка во Драчево, проширувањето на  капацитетот  на објектот “Синоличка”, како и создавањето на простор, по завршувањето на градежните активности во објект “Кокиче”, планираме изградба на уште една нова градинка во Расадник. Деценискиот горлив проблем со згрижувањето и негата на нашите најмлади ќе биде целосно решен-изјави градоначалнникот Ѓорѓиевски при денешниот настан кој е третиот инфраструктурен проект во рамки на одбележувањето на роденденската седмица на Општина Кисела Вода.

Треба да знаете
Последни објави