Повеќе од илјада цивили во Авганистан убиени во напади од август 2021 година до мај годинава

Повеќе од илјада авганистански цивили се убиени во бомбашки напади и други насилства откако странските сили ја напуштија земјата и талибанците ја презедоа власта во 2021 година, се наведува во денешниот извепштај на мисијата на ОН во Авганистан.

Помеѓу 15 август 2021 година и мај годинава, според Мисијата на ОН во Авганистан (УНАМА), биле убиени 1.095 цивили, а 2.679 биле ранети, што ги нагласува безбедносните предизвици дури и по завршувањето на една деценија војна.

Повеќето од смртните случаи, нешто повеќе од 700, биле предизвикани од импровизирани експлозивни направи, вклучително и самоубиствени напади на јавни места како што се џамии, образовни центри и пазари. 

Треба да знаете
Последни објави