Ливерпул дава 300 милиони евра за Мбапе

Килијан Мбапе го напушта клубот по седум години минати во ПСЖ, но се уште е непознато каде ќе ј продолѓи кариерата. Најскапоплатениот играч на ПСЖ мора или да го продолжи договорот што му истекува следното лето или да си замине до крајот на месецот.

Трета опција нема затоа што ПСЖ не помислува да ја пушти суперѕвездата која ја плаќа вртоглави 72 милиони евра годишно без обештетување.

Токму затоа катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад Ал Тани пред четири дена му постави ултиматум на семејството на Мбапе.

Познато е дека Мбапе е во преговорите со Реал Мадрид, сепак, Марко Кирдемир, агент на ФИФА, добро упатен во ситуацијата со Мбепе, близок до неговото опкружување, тврди дека Ливерпул сериозно се вклучува во трката.

„Ливерпул сака да плати 250 милиони евра и 50 милиони преку бонуси за Мбапе. Англискиот клуб влезе во борба со Реал за него. Одлуката и изборот се на Мбапе“, изјави фудбалскиот агент.

Треба да знаете
Последни објави