Search

За пет месеци во Албанија престојувале над 2,3 милиони туристи а надвор од земјата патувале над 2,4 милиони албански граѓани

Државниот завод за статистика, ИНСТАТ,  објави дека бројот на странски државјани кои ја посетиле Албанија во првите пет месеци од годинава изнесува 2.389.899, што е зголемена за 42,5 отсто во однос на истиот период минатата година.

Од нив, над 2,2 милиони граѓани престојувале на одмор или посета на роднини, додека 50.861 граѓанин за деловни и професионални цели.

Во петте месеци од  годинава, најголем број странски државјани кои влегле во Албанија се од европските земји, пред се од регионот, со 2.300.558 граѓани, а потоа следат Америка и Источна Азија и Пацификот, со 55.333 односно 15.060 граѓани

Во меѓувреме, зголемување бележи и бројот на албански државјани кои патувале надвор од земјата. Нивниот број е изнесува 2.447.719, што е зголемување за 21,1 отсто, во однос на истиот период пред една година.

Треба да знаете
Последни објави