Search

Авионот на Пригожин слетал во Белорусија, тврдат медиуми

Авионот на основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, полетал од рускиот град Ростов за Белорусија, а уште еден авион пристигнал од Санкт Петербург, објави независниот медиум „Беларуски Хајун“, повикувајќи се на податоци од радарот на летот.

Авионот на Евгениј Пригожин со регистарски број РА-02795 слетал во воздухопловната база Мачулишчи во близина на Минск во 7:40 часот.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека активностите на руските служби, здравиот разум на мнозинството членови на „Вагнер“ и „патриотскиот дух на руските граѓани“ биле одлучувачки во задушувањето на бунтот предводен од Пригожин против Руското воено раководство.

Тој на Вагнеровците им понуди неколку опции, да се приклучат на руската армија, да одат кај нивните семејства или да одат во Белорусија.

Вчера про-Кремљ страницата „лента.ру“, повикувајќи се на каналот на „Телеграм“ Бриф, објави дека основачот на „Вагнер“ веќе бил виден во Минск, во хотелот „Грин Сити“ со три ѕвезди на периферијата на градот.

Треба да знаете
Последни објави