Пирло ќе ја враќа Сампдорија во Серија А

Легендата на италијанскиот фудбал Андреа Пирло ја прифати понудата да биде нов тренер на Сампдорија, клуб кој оваа сезона испадна од Серија А.

Ова е негов трет тренерски ангажман во кариерата откако го предводеше Јувентус, а потоа и турскиот Караѓумрук. Пирло потпишал двегодишен договор со клубот со можност за продолжување за уште една дополнителна сезона. Целта е враќање на Сампдорија во Серија А.

Пирло доби отказ во Турција кон крајот на сезоната. Вкупно, турскиот клуб го водеше на 31 натпревар и имаше сооднос од девет победи и по 11 нерешени резултати и порази.

Треба да знаете
Последни објави