Search

РСЕ: Ослободени тројцата припадници на косовската полиција уапсени во Србија на 14 јуни

Тројцата припадници на косовската полиција, кои беа уапсени на 14 јуни во Србија, се ослободени, јави Радио Слободна Европа.

Првиот секретар на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Фатмир Хаџоли, денеска на ФБ објави дека тројца косовски полицајци денеска ќе се појават пред судот во Краљево.

Приштина тврди дека полицајците биле киднапирани од територијата на Косово, а од Белград велат дека биле уапсени на територијата на Србија.

Како што претходно соопштија српските власти, тие се осомничени дека сториле кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи, за кое е предвидена казна затвор до 12 години. 

Треба да знаете
Последни објави