Search

Многу руски шпиони во Швајцарија

Руската инвазија на Украина го засили ривалството меѓу големите сили и ја направи Швајцарија, земја домаќин на многу меѓународни организации, центар на руска и кинеска шпионажа, објави денеска Швајцарската разузнавачка служба.

-Русија го уништи мировниот поредок во Европа засован на правила, се наведува во годишниот извештај на разузнавачката служба на Швајцарија задолжена за контраразузнавање.

Во извештајот се наведува и дека таквата ситуација доведе до фактот дека „меѓународните форуми за унапредување на мирот и колективната безбедност, како што се ОН и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ја загубија својата ефикасност.

-Странските шпионски активности, главно руски и кинески, продолжуваат да претставуваат голема закана за Швајцарија која е меѓу европските земји каде под дипломатско покривање се распоредени најголем број припадници на руските разузнавачки служби, велат од Разузнавачката служба

Шефот на швајцарската разузнавачка служба Кристијан Даси изјави дека од околу 220 лица акредитирани како дипломатски или техничко-административен персонал во руските претставништва во Женева и Берн, веројатно најмалку една третина работат за руските разузнавачки служби.

Швајцарските тајни служби имаат само 450 вработени.

Дисе претпазливо го коментираше саботниот бунт на руската паравоена група „Вагнер“, наведувајќи дека тоа е „голем внатрешен предизвик“ и дека е рано да се процени влијанието на тој настан. 

Треба да знаете
Последни објави