Search

Земјотрес во Србија

Републичкиот сеизмолошки завод на Србија соопшти дека денеска во 19:41 часот е регистриран земјотрес во регионот на Краљево.

Според веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.

„Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат оштетувања на објекти во епицентралното подрачје“, се наведува во соопштението.

Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на IV степен од Меркалиевата скала.

Граѓаните почувствувале земјотрес и работите во нивната куќа се нишале, пишуваат српските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави