Гундоган две години во Барселона

Германскиот фудбалски репрезентативец Илкај Гундоган од денеска е нов член на Барселона откако стави потпис на договор на две години, соопшти каталонскиот клуб.

Гундоган (32) потпиша договор до јуни 2025, со опција за продолжување на соработката за уште една година, а Барселона вклучи откупна клаузула во договорот од 400 милиони евра.

Германскиот фудбалер доаѓа во Барселона како слободен играч од актуелниот англиски и европски првак Манчестер сити со кој изминатата сезона ги освои титулите во Лигата на шампиони, англиското првенство и ФА купот.

„За мене беше привилегија и задоволство да бидам дел од Манчестер сити последните седум години“, рече Гундоган.

Треба да знаете
Последни објави