Полициски час воведен во северниот дел на Хондурас

Владата на Хондурас воведе двонеделен полициски час во два северни града Чоломи и Сан Педро Сула, откако повеќе од 20 лица беа убиени во два одвоени вооружени напади викендот.

За Чолома полицискиот час од 21 до 04 часот стапува на сила веднаш, а во Сан Педро Сула од 4 јули. Во саботата вечерта, тешко вооружени мажи убија 13 луѓе во Чолома, а уште најмалку 11 беа убиени во северната провинција Вале де Сула, која го опфаќа градот Сан Педро Сула.

„Беа започнати бројни полициски операции, беа уапсени лица во рации и беа поставени контролни пунктови“, објави претседателот Ксиомара Кастро.

Министерот за безбедност Густаво Санчез најави дека Владата ќе испрати предлог до Парламентот да ги класифицира членовите на криминалните банди како терористи. Со цел да се најдат одговорните за масакрот во Чолома, илјада дополнителни припадници на полициските сили беа испратени во регионот Вале де Сула.

Нападите изминатиот викенд следеа по смртоносниот инцидент во женскиот затвор во главниот град Тегусигалпа, кога 46 лица беа убиени во судир меѓу ривалските банди.

Треба да знаете
Последни објави