Search

Програми за размена на студенти и за стипендии во Бразил

Министерството за образование и наука информира за можноста македонските граѓани да го продолжат своето високо образование во Бразил преку користење две мобилни програми.

Првата програма е за размена на студенти на додипломски студии имплементирана од Министерството за надворешни односи и Министерството за образование на Бразил.

Заинтересираните кандидати треба да се обратат со Амбасадата на Бразил во Софија најдоцна до 21 јули 2023 година на мејлот: consular.sofia@itamaraty.gov.br

Втората програма е од Меѓународната група за соработка на бразилските универзитети која нуди 1100 стипендии на 54 универзитети во Бразил за продолжување магистарски или докторски студии.

За условите и за други информации заинтересираните може да се добијат на мејлот: gcub.mob@gcub.org.br 

Треба да знаете
Последни објави