Search

Тешко повреден радовишанец, изгубил контрола над возилото и излетал од патот

Вчера околу 05.50 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионалниот пат с.Ораовица – с.Подареш, радовишко, патничко моторно возило „пежо 307“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.М.(32) од Радовиш, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.

По несреќата, од лекар од Итна медицинска помош на возачот А.М. му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

Треба да знаете
Последни објави