Search

Спасовски на средба со новоименуваната германска амбасадорка Петра Дрекслер

Денеска, (19.06.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари протоколарна средба со новоименуваната амбасадорка на Сојузна Република Германија Н.Е. Петра Дрекслер.

На средбата министерот Спасовски упати искрена благодарност до амбасадорката  Дрекслер за досегашната соработка и поддршка од страна на Сојузна Република Германија во однос на унапредувањето на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, со што заеднички придонесуваме во јакнење на мирот и безбедноста   на земјава и  на граѓаните.

Двајцата соговорници разговараа за тековните реформски процеси во нашата земја, но и за поддршката за остварување на правото на членство во ЕУ, што воедно се покажа и преку отворената поддршка со Резолуцијата на германскиот Бундестаг за нашата иднина во ЕУ.

На крајот од средбата министерот Спасовски и амбасадорката Дрекслер изразија подготвеност за продлабочување и унапредување на одличната соработка преку заеднички проекти, со што уште еднаш  Сојузна Република Германија ќе се потврди како еден од најголемите партнери  и поддржувачи на нашата земја.

Треба да знаете
Последни објави