Search

Рамо до рамо со граѓаните на Карпош, Битола и Кичево: Бундестагот ги потврди државничките политики на СДСМ, зошто Мицкоски не лобирал за Резолуцијата?

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа” потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска денеска заедно со Методија Димовски беше меѓу граѓаните на општина Карпош.

-Одлуката на Бундестагот и усвојувањето на Резолуцијата за поддршка на европската интеграција и признавање на македонскиот идентитет, јазик, култура и посебност е исклучително важна. Тоа е потврда на државничките политики на СДСМ и вистинскиот пат по којшто чекориме. Но прашањето е зошто Мицкоски и ДПМНЕ не направиле ништо? Зошто не лобирале за оваа Резолуција? Или немаат никаков кредибилитет кај нивните сестрински партии? Оваа Резолуција, уште еднаш точно ја покажа разликата помеѓу СДСМ и ДПМНЕ, ние работиме и носиме резултати за признавање на македонскиот јазик, идентитет, култура а ДПМНЕ не прават ништо, рече потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на маалска средба во Карпош.

Потпретседателката додаде дека СДСМ на повеќе полиња дејствува во заштитата и промоцијата на македонскиот јазик, а како пример го наведе и новиот Закон за употреба на македонскиот јазик.

Во општина Битола беше Благој Бочварски кој пред присутните истакна дека конечно, после три децении зборување и ветувања, ќе се гради автопатот Прилеп – Битола.

– Битола е еден од најважните градови не само за овој регион, туку и за целата држава. Потпишавме договор, активностите се започнати, Битола конечно ќе се поврзе со автопат со Прилеп и со тоа ќе биде многу подобро поврзана со централниот дел од државата. Преку нов систем на градење, автопатското поврзување ќе биде завршено за помалку од пет години, што значи дека сегашните генерации ќе патуваат и побрзо и побезбедно до другите градови во државата, порача Бочварски.

Меѓу граѓаните на општина Кичево беа членот на ИО на СДСМ, Никола Рилак и Виктор Велевски кои пред присутните порачаа дека државата успешно се справи со сите последици од енергетската криза и дека надлежните институции веќе преземаат активности за претстојната грејна сезона да мине во најдобар ред.

Треба да знаете
Последни објави