Search

Приведен разбојник во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

На 18.06.2023 во 23.30 часот на ул.„Костурски херои” во Скопје полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека околу 23.10 часот на бул.„Илинден” со употреба на физичка сила одзел пари од друг малолетник од Скопје. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави