Search

Истекува времето за да се најде исчезнатата подморница: Пет лица се во неа, имаат залихи со кислород 96 часа

Туристичката подморница која однела богати истражувачи да го видат потонатиот брод Титаник за дури 250.000 долари по билет исчезна со пет лица во него.

Бостонската крајбрежна стража и канадската крајбрежна стража сега трагаат по исчезнатиот брод со кој управува туристичката компанија OceanGate Expeditions.

Познатиот бродолом се наоѓа на 3.800 метри на дното на Атлантикот. Се наоѓа на околу 600 километри од брегот на Њуфаундленд, Канада.

Според објавите на социјалните мрежи на некои од оние што биле на бродот, подморницата требало да нурне утрово во четири часот по локално време.

Според онлајн материјалите на OceanGate, подморницата Титан може безбедно да работи до 96 часа со петчлен екипаж, пишува Daily Mail.

OceanGate Expeditions е една од ретките компании кои нудат вакви тури, а билетите чинат и до 250.000 долари за десетдневна екскурзија за време на која лицата се групираат во помали групи за да нуркаат во подморници до десет часа.

Компанијата потврди дека нејзината подморница исчезнала. „Ги истражуваме и ги преземаме сите опции за безбедно враќање на екипажот“, соопшти компанијата.

„Фокусирани сме само на враќање на членовите на екипажот на подморницата кај нивните семејства. Работиме на безбедно враќање на членовите на екипажот“, потенцираа оттаму.

Треба да знаете
Последни објави