Search

Воз удри во „поло“ кај Прилеп, тројца повредени пренесени во болница

На 18.06.2023 во 17.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патен премин, пред Железничка станица „Гостиражни”, прилепско, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Велес – Прилеп и патничко возило „фолксваген поло” со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(24) од Прилеп.

Во незгодата, возачот А.И. и неговите сопатници Н.Н.(19) од Прилеп и А.Н.(51) од с.Црнилиште, прилепско, биле пренесени во Градска болница Прилеп, каде им биле констатирани повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави