Search

Битиќи: Ги стимулираме компаниите да ги зголемат платите на своите вработени

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи,  се обрати на годишната конференција на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) на која се дискутираше на темата „Предизвиците на компаниите во Република Северна Македонија, при обезбедување на работна сила во ерата на глобализација и дигитализација”.

Во неговото обраќање, вицепремиерот Битиќи рече во неговите јавни настапи последниве неколку месеци во својство на вицепремиер, ја начна дебатата за либерализација на пазарот на труд преку зголемување на квотите за странски работници кои во моментов се ограничени на 5.000, но оваа мерка не може да биде долгорочно решение, бидејќи за Владата грижата за нашите граѓани е во прв ред.

„Работната сила мора да се обезбеди на прво место од домашни ресурси, од нашите сограѓани кои се невработени, но за жал нивните вештини и знаењата не соодветствуваат со потребите на пазарот на трудот, па оттука, преку оперативниот план за вработување, Владата во различни форми цели кон нивна понатамошна квалификација и преквалификација, да ги оспособи за да ги задоволат потребите на пазарот на трудот”, рече Битиќи кој додаде дека преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, Владата ги стимулира компаниите да ги зголемат платите со тоа што на компаниите им нуди враќање на 20% од платите кои изнесуваат над 30.000 денари по лице.

Треба да знаете
Последни објави