Search

Стојановска: Цели 2 месеци мирува изведбата на паркот Радост во Аеродром, Муцунски должи одговори

Поминаа точно 2 месеци откако Тимчо Муцунски на оваа локација свечено го означи почетокот на активностите за подигнување на нов парк од 6.000 метри квадратни за жителите на Реонски центар и Ново Лисиче.

Токму зад мене се гледа напредокот на активностите за изведбата новиот парк „Радост”. За цели 2 месеци точно 0 метри квадратни подигната паркова површина. Паркот „Радост” очигледно е уште една од многуте лаги на Муцунски.

Неспособноста на Муцунски и ДПМНЕ во Општина Аеродорм нема крај. Секој ден нови скандали кои се на директна штета по граѓаните на нашата општина.

Наместо ветената хумана урбанизација која подразбира нови паркови и зелени површини, на Аеродром му се заканува бетонизација на Лисиче со 9 висококатници и урбан хаос од невидени размери низ целата општина.

Наместо да ги засука ракавите и да се фати за работа, Муцунски се занимава само со партиските активности во ДПМНЕ, држи партиски прес-конференции и оди на телевизиски гостувања каде зборува за се’ освен за локалните проблеми и предизвици на граѓаните. 

Затоа прашуваме: Дали Аеродром има градоначалник?

Ги повикуваме Муцунски и ДПМНЕ конечно да започнат со работа. Проблемите сами нема да се решат. 

Ваков неодговорен однос кон локалните проблеми граѓаните повеќе нема да толерираат!

Треба да знаете
Последни објави