Search

Познат и вториот финалист на ЛШ-Киелце ја доби драмата против ПСЖ

Киелце ќе биде ривалот на Магдебург во финалето на ракометната Лига на шампиони. Полскиот тим славеше над ПСЖ со 25:24 во драматичното второ полуфинале кое се одигра денеска на фајнл-фор турнирот во Келн.

Во уште еден одличен натпревар, полскиот тим го совлада парискиот тим благодарение на одбраната на Мариус Волф во последниот напад на противникот, и така го запечати триумфот од 25-24.

Неизвесно беше во првото полувреме. Двете екипи се менуваа во водство. ПСЖ водеше со 11:9, но потоа Киелце направи пресврт и стигна до три гола предност од 16:13.

Во второто полувреме ПСЖ речиси постојано бркаше негатива, а по 17:20, францускиот тим со серија од 4:0 стигна до предност од 21:20. Потоа Киелце поведе со 22:21 и до крајот на мечот се играше гол за гол.

Беше 24:24 кога Киелце постигна погодок, а ПСЖ го имаше последниот напад за нерешено, но не успеаа да погодат.

Стеинс ја предводеше листата на стрелци со шест голови кај ПСЖ, додека кај Киелце најефикасен беше Алекс Душебаев со ист број на голови, а Волф имаше 12 интервенции..

Финалето е на програмата утре, како и мечот за третото место во кое ќе играат ПСЖ и Барселона. Во претходното полуфинале, Магдебург на пенали ја совлада екипата на Барселона откако „Каталонците“ промашија четири удари во пенал серијата.

Избраниците на Талант Душебаев утре против Магдебург ќе се обидат да дојдат до втора европска титула во својата историја.

Треба да знаете
Последни објави