Search

Медиумите преплавени од говор на омраза и пропагирање насилство кон припадниците на ЛГТБ заедницата

Пропагирање насилство од страна на родители врз деца заради поинаква сексуална ориентација, барање да се третираат лицата од ЛГБТ заедницата како во Саудиска Арабија-со смрт, се само дел од текстовите и коментарите полни со говор на омрза кои деновиве можат да се прочитаат на социјалните мрежи. Со реакција уште еднаш излегоа твитерџиите, но и издавачката куќа „Полица“ на чиј фејсбук профил се најдоа голем дел од овие коменатри упатени како револт кон книгата „Крајот на Еди“ од Едуар Луј.

Инаку се работи за книга која е автобиографски роман, лична исповест на Едуар Луј за трпењето насилство од страна на родителите, семејството и околината како резултат на неговата различност во рурална Франција, во 21 век. Едуар ги споделува спомените од своето минато и своите трауми на малтретирано дете со поинаква сексуалност од „нормалната“ со желба светот да се освести и тоа никогаш повеќе да не му се случи на ниту едно дете – детето да се чувствува најзагрозено од најблиските.

„Прочитајте ја „Крајот на Еди“ и замислете дека тоа дете е вашето дете. Обидете се да ги отфрлите сите предрасуди и пристапете му на ликот како човек, со цело срце и душа за да го разберете. Ние луѓето не сме правени по калап, сите сме различни и сè додека таа различност не е на штета на некого (кој може да има штета од љубов – во случајов станува збор за тоа) треба да се почитуваме еден со друг и да се сакаме токму поради тоа што различностите нè прават посебни, се вели во реакцијата на „Полица“.


Информирајте се и читајте, порачуваат од оваа издавачка куќа. Само така велат ќе бидете подобри луѓе.

„Ниту еден од коментарите не доаѓа од човек што ја прочитал книгата. Се коментира дека со содржината на книгата „сме поддржувале права кои ги злоупотребуваат децата“. Напротив, коментарите што стигнаа од членовите на групата се пропагирање насилство од страна на родители врз деца заради поинаква сексуална ориентација“ се истакнува на објавата на „Полица“ на социјалните медиуми.

Јавниот говор на омраза кон различни целни групи, а особено кон ЛГБТ заедницата е посебно засилен и по последната објавена статија на пасторот Филип Иванов – „ Маргинализирани а сепак поддржани од сите центри на моќ “. Пасторот на Евангелската црква во Велес, во својот текст бара луѓето од ЛГБТИ заедницата да биле третирани како во Саудиска Арабија – со убиства.

Она што инаку е дело кое се казнува, одредени граѓани во земјава го негуваат како искажување на сопствено мислење.

Твитерџиите изминативе денови бурно реагираа на сите овие изливи на омраза и побараа црквата да се држи до хуманоста наместо да бара смртна казна.

Треба да знаете
Последни објави